Продолжена суспензија од котација на акциите на Топлификација АД Скопје
вторник, 24 октомври 2017
Имајќи го предвид истекот на рокот од 30 дена за суспендирање од котација на акциите издадени од Топлификација АД Скопје согласно Одлуката бр.02-1163/1 од 19.09.2017 година, Одборот на директори на Македонската берза, на својата седница одржана на 20.10.2017 година повторно ја разгледа ситуацијата поврзана со Топлификација АД Скопје и оцени дека сеуште не постојат услови за донесување на одлука за прекинување на суспензијата од котација на акциите на Топлификација АД Скопје, поради што беше донесена Одлука бр. 02-1260/1 за продолжување на суспендирањето на акциите од ова Друштво за нови 30 дена, почнувајќи од 21.10.2017 година.Оттука, ги информираме инвеститорите на пазарот на хартии од вредност дека и во наредниот период при евентуалното тргување со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар на Берзата треба да се имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на Берзата и неговите обврски за известување на јавноста.