Известуваме дека Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука со која се укинува суспендирањето од котација на акциите издадени од Топлификација АД Скопје и истите се враќаат на котација на подсегментот Берзанска котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи од 20.09.2016 година (вторник).
При носењето на Одлуката, Одборот на директори ги имаше предвид доставените дописи и документација од страна на Топлификација АД Скопје во врска со Собранието на акционери одржано на 19.07.2016 година, при што беше оценето дека изнесените децидни ставови од Топлификација АД Скопје претставуваат соодветно информирање за случувањата во врска со наведеното собрание.
Истовремено, Одборот на директори ја задолжи Топлификација АД Скопје, како услов за прекин на суспензијата од котација, на 19.09.2016 година да изврши соодветни објави преку СЕИ Нет, вклучително и информација во врска со Собранието на акционери на друштвото одржано на 19.07.2016 година, со која јасно ќе ја презентира во јавноста фактичката состојба поврзана со ова собрание.