Структура и методологија на МБИД
 

СТРУКТУРА И МЕТОДОЛОГИЈА НА (МБИД) ИНДЕКСОТ


1. Кратка историја на индексот

   Од 18.06.2007 година Македонската берза започна со пресметување и објавување на новиот Индекс на јавно поседувани друштва - МБИД со базна вредност од 10.000 индексни поени на 15.06.2007 година. Имајќи ја предвид хетерогеноста на компаниите чии акции се тргуваат на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување на Македонската берза, како од аспект на големината на капиталот, така и од аспект на ликвидноста, согласно Методологијата за негово пресметување, МБИД е ценовен, непондериран индекс чии составни елементи се избираат од страна на Комисијата за берзански индекс, имајќи ги предвид следните критериуми: број на денови на тргување и остварен промет во периодот помеѓу две ревизии на индексот.

   Анализите за периодот пред воведување на МБИД покажаа дека акциите на друштвата кои се тргуваат на
Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување се сe’ поинтересни за инвеститорите, особено имајќи ја предвид обврската на овие друштва за известување за ценовно чувствителни информации кон Комисијата за хартии од вредност, согласно Законот за хартии од вредност. Така, податоците покажуваат дека во текот на 2007 година тргувањето на Официјалниот Пазар учествува со над 73% во вкупниот промет, тргувањето на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување учествува со значајни 21%, додека Слободниот пазар учествува со околу 5%. Оттаму, имајќи предвид дека МБИ10 е индекс кој релевантно го прикажува движењето на цените на 10-те најрепрезентативни котирани акции на Официјалниот пазар, се наметна потреба од воведување на индекс кој ќе го прикажува движењето на цените на акциите на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување.


2. Структура на индексот

 
Вид на индекс
ценовен, непондериран индекс
Воведен
18.06.2007 година
Базична вредност
10000 индексни поени
Состав
варира, моментално 11 обични акции на акционерски друштва со посебни обврски за известување:
Издавач
Шифра на тргување
Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје
КЈУБИ Македонија АД Скопје
Македонски Телеком АД Скопје
Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје
Стопанска банка АД Скопје
Тутунска Банка АД Скопје
Прилепска Пиварница АД Прилеп
ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово
Трготекстил малопродажба АД Скопје TSMP
Раде кончар АД Скопје RADE
Универзална инвестициона банка АД Скопје UNI
   

Последна ревизија

17.12.2012 година

Датум на имплементација

02.01.2013 година

Следна ревизија

15.06.2013 година

 

3. Методологијата за пресметување на МБИД - тука...