Јавна опомена за котирано друштво
вторник, 06 октомври 2026

На издавачот Факом АД Скопје, на кого претходно му беше изречена мерка јавна опомена преку интернет страната на Берзата објавена на 03.09.2026 година поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.-30.06.2026 година, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата и поради необјавување на консолидирани неревидирани финансиски извештаи (Биланс на успех, Биланс на состојба, Извештај за паричните текови и Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.2026 година - 30.06.2026 година и образложение кон истите најдоцна до 15.08.2026 година, како што е предвидено во член 40, точка 3 и точка 4 од Правилата за котација.