Македонијапроект АД Скопје
петок, 04 април 2003
Согласно Договорот за котација, Македонијапроект АД Скопје, известува за следното: 1. Со Решение П.трег. број 754/03 на Основниот Суд Скопје I, разрешен е Надзорниот Одбор на Македонијапроект АД Скопје и именувани се нови членови и тоа: Боро Симоновски - дипл. правник; Трајко Димитров – дипл. инж. архитект; Дафина Трниниќ - дипл. инж. архитект; Светлана Дамеска - дипл. инж. Елек. и Ацо Гривчевски – градежен техничар. 2. Со Решение П.трег. 1101/03 разрешен е Управниот Одбор на друштвото и именувани се нови членови и тоа: Драган Бојаџиевски - дипл. маш. инж. како Претседател на УО со овластување на генерален директор; Викторија Костова – Волчкова – дипл. инж. архитект и Теодосие Бужаревски – дипл. елек. инж.