Јавна опомена за котираното друштво Оранжерии Хамзали АД Струмица
петок, 21 мај 2021

На седницата одржана на 23.04.2021 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на друштвото Оранжерии Хамзали АД Струмица, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради тоа што друштвото не објави јавен повик за свикување собрание на акционери најмалку 30 дена пред денот на одржување на собранието преку СЕИ-Нет, не објави материјали за собрание во рок од два дена од објавата на јавниот повик и ненавремено ги објави одлуките од одржаното собрание, со што не постапи согласно член 39 став 1, 5 и 7 од Правилата за котација.