Јавна опомена за котираното друштво Факом АД Скопје
понеделник, 01 јуни 2026

На издавачот Факом АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на образложение кон неревидираните консолидирани финансиски извештаи (Биланс на успех, Биланс на состојба, Извештај за паричните текови и Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2025 во пропишаниот рок, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 4 од Правилата за котација.