Funderbeam - crowdfunding платформа

Funderbeam е глобална crowdfunding платформа, преку којашто се спојуваат компаниите кои имаат намера да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компании во ран развој.  Иновативниот систем на Funderbeam е базиран на технологијата blockchain.

Funderbeam платформата е дизајнирана на начин што нуди низа придобивки за нејзини корисници при што:

-    компаниите во рана фаза на развој и растечките компании добиваат пристап до нов капитал од домашните и странските инвеститори, преку спроведување на посебни кампањи во кои ќе ги презентираат клучните информации за своето работење;

-    инвеститорите се информираат за овој вид на вложувања и добиваат можност за инвестирање во компании во ран развој и растечки компании, во рамки на инвестициската структура што ја нуди платформата;

-    инвеститорите преку платформата добиваат пристап и до секундарен пазар за понатамошно тргување со нивните инвестиции.  

За основачите, Funderbeam обезбедува пристап до заедница на висококвалитетни, активни инвеститори кои можат да додадат вредност на проектот, основачите можат да изберат кој може да инвестира во нивната компанија и така можат да ја задржат контролата врз компанијата. Трошоците за прибирање на капиталот исто така значително се намалуваат преку автоматизирани онлајн процеси.

Повеќе за тоа како да се прибере капитал на c crowdfunding платформата Funderbeam на следниот линк.

За инвеститорите, Funderbeam обезбедува пристап до заедница на амбициозни компании во развој, како и ликвидност преку секундарниот пазар со можноста да влезат и излезат секогаш кога е потребно. Секој бизнис има водечки инвеститор кој ќе дејствува како амбасадор на проектот.

Повеќе за тоа како да се инвестира во стартапи на crowdfunding платформата Funderbeam на следниот линк. 

 

                                                                                       

                                                                       

Историја

Funderbeam е основана во 2013 година од страна на Каиди Русалеп и Урмас Паркер.

Идејата дојде преку желбата да се создаде игра за да се научат младите луѓе како да инвестираат, користејќи старт-ап компании како поблизок субјект од акции. Дури и пред да започне развојот, играта еволуираше во она што Kaidi и Urmas навистина гледаа потреба за: Платформа каде инвеститорите можат ефикасно да инвестираат и да тргуваат со компании додека се во фаза на раст.

Во почетокот на 2016 година, Funderbeam Markets започна со првите четири компании кои собраа средства, и кратко време потоа со нив започна да тргува на секундарниот пазар. Во август 2018 година, Funderbeam започна да работи како регулиран субјект од Велика Британија, Funderbeam Markets LTD, откако беше овластен од страна на Британскиот финансиски регулативен орган.
 

Funderbeam SEE

Во Октомври 2016 година во соработка со Загрепската берза се формираше Funderbeam SEE како дел од групацијата Funderbeam Markets Limited. 

Преку воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE и Maкедонска берза оваа crowdfunding платформа, преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој, ќе стане полесно достапна и на македонскиот пазар. Улогата на Берзата ќе биде од едукативно-промотивен карактер, првенствено насочена кон презентирање на Funderbeam платформата пред малите и средните претпријатија и т.н. старт-ап компании како алтернативен начин на прибирање на дополнителен капитал, со цел развој на нивните бизниси и потенцијална трансформација во друштва погодни за идна котација на Берзата. Потенцијални корисници на оваа платформа во делот на македонските компании се исклучиво правните лица кои не се основани како акционерски друштва. Со оглед на големата важност на прашањето на развојот на малите и средни претпријатија, активностите на Берзата во овој домен добија официјална поддршка и од УСАИД Македонија, во рамки на активностите на Проектот за развој на деловниот екосистем.

Компанија која ќе одлучи да го подигне потребниот капитал преку оваа напредна платформа за crowdfunding, ќе има сеопфатна логистичка поддршка од тимот на Funderbeam. Funderbeam ги проверува идентитетите на инвеститорите, ја испитува стручноста на водечките инвеститори и го разгледува квалитетот на бизнис плановите на стартапите, како и нивната подготвеност да комуницираат со инвеститорите и нивната подготвеност за ненадеен раст. Откако компанијата ќе може да се приклучи на Funderbeam, може да се потпре на активна поддршка во презентирањето на својот бизнис концепт во сите фази на финансирање, сè додека не почне тргувањето со акциите.

Понатаму, секоја компанија на Funderbeam може да смета на водечки инвеститор. Тоа може да биде некој од самиот стартап или искусен поединец кој добро ја познава индустријата на компанијата и има одреден поим за инвестицискиот потенцијал на компанијата. Водечките инвеститори се инвестираат себе си, покажувајќи ја својата доверба во позитивниот изглед на компанијата.

Funderbeam SEE ќе го користи бизнис моделот Funderbeam, што значи дека за финансирање ќе биде основано SPV – Special Purpose Vehicle (инвестиционо друштво) со специјална намена во Естонија. SPV ќе го претставува единствениот сопственик на компанијата, кој се појавува во име на сите инвеститори. Причините за ова се ниски трошоци и без бирократија. Освен тоа, на тој начин стартап-от нема десетици или стотици инвеститори, туку само еден, водечки инвеститор, кој исто така е извршен директор на SPV. Во исто време, по креирањето на нивните профили на инвеститори, и водечките и малите инвеститори постојано ќе имаат контрола врз целото свое портфолио, во сите стартапи што ги инвестираат преку Funderbeam. Креирање профили на инвеститори е бесплатно. Минималната инвестиција за секој поединечен мал инвеститор во компанија изнесува 100 евра.

Упатства за оперативно функционирање на Funderbeam платформата во Македонија

Македонската берза со едукација за концептот на crowdfunding генерално и промоција на конкретната  crowdfunding платформа, базирана на супер иновативната технологија и глобален деловен модел на компанијата Funderbeam од Естонија овозможува македонските компании да добијат можност за финансирање на своите развојни планови на светско ниво (што ќе зависи пред се од нивната иновативност и компетитивност), а истовремено заинтересираните домашни инвеститори да можат да вложуваат во домашни проекти со добар потенцијал, со што ќе изврши поефикасна алокација на домашните заштеди и во овој дел од економијата.

Со цел разјаснување на даночните и правните аспекти поврзани со функционирањето на платформата Funderbeam на заинтересираните страни, Македонската берза преку даночен и правен консултант изготви даночно и правно упатство.

Правниот прирачник за инвестирање, тргување и собирање на средства преку Funderbeam  платформата е изработен од страна на Адвокатското друштво Папазоски и Мишев. Накратко во прирачникот е објаснето функционирањето на платформата, кој може да инвестира и како, процесот на инвестирање и секундарното тргување.

Funderbeam – правен прирачник
 

Даночното  упатство за инвестирање, тргување и прибирање на средства преку платформата Funderbeam е изготвено од страна на Мур Стивенс ДОО Скопје. Прирачникот подетално содржи упатство за даночни импликации за инвеститори – правни лица, упатство за даночни импликации за инвеститори – физички лица и упатство за даночни импликации за домашни компании (ДОО) – прибирачи на капитал.

Funderbeam – даночно упатство